Македонски државјанин загина во сообраќајка во Албанија

by Fokus

Македонски државјанин загина попладнево во сообраќајна незгода на патниот правец Либражд-Прењас откако автомобилот со кој патувал, излетал од патот.

Тој загинал на самото место, додека во несреќата биле повредени уште четири лица кои биле во автомобилот. Тие се пренесени во болница, каде им е укажана потребната лекарска помош.

Несреќата се случила на три километри од градот Прењас, кај селото Урак, во близина на преминот Ќафасан на албанско-македонската граница кај Струга.

Поврзани новости