ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Продолжува нестабилното време – постабилна атмсофера од понеделник

by Фокус

Како што веќе кажавме, до крајот на оваа недела се задржува променливото време со повремен локален дожд. Особено во попладневните часови, локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за локално НЕВРЕМЕ со град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.

И во Скопје викендов ќе се задржи променливо облачно време со услови за повремен дожд. Особено во попладневните часови ќе има услови за нестабилност со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура во Скопје овој викенд се очекува да се искачи до околу 26 степени.

Потоа, од понеделник атмосферата ќе биде постабилна, иако во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости