Речиси 20 отсто од работноспособните Романци живеат во странство

by fokus

Над 19 отсто од работноспособните Романци, на возраст меѓу 20 и 64 години, живеаат во друга земја-членка на Европската унија, покажуваат податоците на „Евростат“.

Истражувањето, што беше објавено денеска, покажа дека 3,8 проценти од работноспособните лица од земјите-членки на ЕУ, не живеат во нивните родни земји.

Состојбата е различна речиси во сите земји-членки на ЕУ, на пример, во Германија еден процент од работноспособното население живее во друга земја, додека 19,7 отсто од работоспособните Романци живеат во странство.

Петнаесет отсто од работоспособните Литванци живеаат во странство, како и 14 отсто од Хрватите, 13,9 проценти од Португалците, 12,9 отсто од Латвијците и 12,5 отсто од Бугарите.

Поврзани новости