Реал Мадрид победи во „Ел класико“, Барса не го искористи играчот плус во финишот

by fokus

Реал Мадрид вечерва ја победи Барселона со 2:1 во дербито од 30. коло на Шпанското фудбалско првенство.

Карим Бензема го отвори резултатот во 13. минута. Тони Крос во 28. минута го удвои водството на домаќините. Во 60. минута каталонскиот клуб намали преку Оскар Мингуез.

Во 91. минута Реал Мадрид остана со играч помалку, до крајот двете екипи имаа по неколку шанси, но резултатот остана непроменет.

Реал со 66 бода се искачи на лидерското место на табелата во Ла Лига пред Атлетико Мадрид кој има ист број на бодови и натпревар помалку. Барселона е трета со 65 бода.

Поврзани новости