Разорен земјотрес од 7,6 степени ги погоди Филипините

by fokus

Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди островот Минданао на Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот бил на длабочина од 63 километри, додава EMSC.

Американскиот систем за предупредување од цунами издаде предупредување за потенцијално цунами по земјотресот.

Засега нема информации за потенцијални жртви или материјална штета.

Поврзани новости