Разгледница од Гари – местото каде што извира најчистата вода во Македонија

by Фокус

Малото мијачко село Гари, скриено длабоко во пазувите на планината Стогово, во близина на Дебар, речиси и да нема постојани жители. Бројните Мијаци низ годините полека се иселувале од селото расејувајќи се низ светот во потрага по подобар живот, но сѐ уште во лето се враќаат во родната грутка и го заживуваат овој дел од Македонија кој е еколошки најчистиот предел во земјава, па и многу пошироко.

Иако не е големо и густо населено село, домашната, но и светската јавност, чуле за него благодарение на прекрасниот иконостас во локалната црква „Успение на Пресвета Богородица“ изработен од тајфата на прочуениот мајстор Петре Филиповски – Гарката, како и по фасцинантните фрески насликани од Дичо Зограф. Сепак, во изминатите неколку години години ова село станува прочуено по уште една неверојатна убавина – најчистата природна вода MaYa која се полни од планинскиот извор над селото, од недопрената природа во близина на Гарските водопади.

Овој бисер на мијачкиот крај плени со околната природа и бујната вегетација кои се посебна приказна која е тешко да се прераскаже. Треба да се доживее, да се помириса, почувствува меѓу прстите, да се зароби во окото од каде засекогаш останува врежана во меморијата. Селото Гари се распостила на 1.100 метри надморска височина која е сосема доволна за неговите посетители да можат да дишат свеж и чист планински воздух и да уживаат во температура која е многу пониска отколку во урбаните средини.

Првото добредојде во селото посетителите го добиваат од Гарска Река чии води татнат спуштајќи се од врвовите на Стогово. Следејќи го нејзиното течение во спротивен правец, искачувањето по стрмниот пат води до двата Гарски водопади, гордоста на селото и на целиот мијачки крај. Неверојатно чистата и екстремно студена вода во која кристално јасно се огледува околното зеленило, блика низ планинските падини исполнувајќи го околниот простор со свежина која е карактеристична за Алпите.

Во непосредна близина на Гарските водопади се наоѓа изворот на најчистата природна вода. Онаа која извира од срцето на природата и која целосно е недопрена од човечка рака – водата MaYa. Компанијата МЛ-Гари ја препозна уникатноста и потенцијалот на оваа вода, па во Гари изгради најсовремен комплекс за полнење на водата MaYa кој совршено се вклопи во околната средина. Со тоа, луѓето од Македонија, но и од други земји низ светот сега може да пијат од најприродната вода дури и без да го посетат Гари.

Секоја посета на Гари завршува со одмор покрај бројните кладенци распоредени насекаде низ селото, за сите мештани, но и патници-добронамерници кои сакаат да уживаат во мирот, тишината, свежиот воздих и најчистата изворска вода од бисерот на мијачкиот крај. Со тоа се заокружува комплетното доживување од посетата на Гари и се доживува неговиот уникатен шарм. Се гледаме во Гари.

Поврзани новости