Граѓанското движење „Разбуди се!“ остро реагира против поставувањето на пет нови споменици во Скопје за кои, како што велат, не зе знае ниту колку чинат, ниту кој ги нарачал и кој ги платил.
„Се поставуваат нови споменици додека улиците на Скопје се поплавуваат секој ден од најмалиот дожд , додека канализација нема во повеќето населби во градот, додека улиците, парковите, осветлувањето, болниците и школите се во очај. Кога ќе се надминe оваа криза на идентитет? Уште колку споменици ви се потребни за да се чуствувате така како што сметате дека треба да се чуствувате? Скопје се претвара во град каде спомениците имаат приоритет пред граѓаните кои што живеат во градот и придонесуваат преку плаќање на даноци за подобра живеачка во градот“, велат од „Разбуди се“.