Албанија – нова пречка на Македонија за влез во НАТО?

by Фокус 12:05
12:05

Премиерот на Албанија Еди Рама на самитот на НАТО во Велс фрли нив сомнеж околу евентуалното членство на Македонија во Алијансата. Тој рече дека Македонија ќе биде членка на НАТО ако целосно се спроведе Охридскиот рамковен договор. Рама не прецизираше конкретно за кои делови од Рамковниот договор се однесува неговата забелешка.

„Со повеќе упорности и интензитет се трудиме да и го отвориме патот на Македонија кон НАТО. Но, факт е дека потребен е притисок кон двете страни да се реши спорот со името и поважното, владата во Скопје да го почитува Рамковниот договор“, изјави Рама во Велс.

- Advertising -

Во официјалните заклучоци од самиотот на НАТО во Велс кој што заврши завчера, Македонија е спомената само во контекст на спорот со името и заклучокот кој што беше донесен во Букурешт.

„Го повторуваме договорот од нашиот Самит во Букурешт 2008 година, како што направивме и на Самитите потоа, да се упати покана за поранешната југословенска Република Македонија за влез во Алијансата веднаш штом се постигне заемно прифатливо решение за прашањето за името во рамките на ОН и силно повикуваме да се интензивираат напорите за таа цел. Што побрзо решение, следено од членство, ќе придонесе за безбедноста и стабилноста во регионот“, пишува во заклучоците од самитот.

 

Поврзани новости