Разбојник од Кочани фатен при обид за кражба во хотел во Скопје

by Fokus

МВР информира дека денеска полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Е.А.(36) од Кочани.

Тој се сомничи дека околу 01.30 часот во хотел на подрачје на Центар се обидел да одземе предмети, но бил забележан и задржан од еден вработен и од лице од обезбедувањето.
Притоа, тој им се заканил со остар предмет и со тврд предмет го нападнал лицето од обезбедувањето.

Е.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости