Разбиена албанско-грчка група која продавала кокаин во Атина

by fokus

Грчката полиција уапси неколку Албанци и еден Грк кои шверцувале и продавале кокаин во поширокото подрачје на Атина.

Меѓу уапсените Албанци има и една жена и се на возраст од 23, 27, 33  и 34 години. Уапсен е и 31-годишен Грк.  Во меѓувреме,  се трага и по уште 5 лица , меѓу кои и лидерот на албанската група „Бими“.

Грчката полиција информира дека се извршени 800 продажби на кокаин на групата на клиенти во Атина, а запленети се 54,7 килограми кокаин поделен во мали пакувања, како и вага, возило и 8 мобилни телефони.

Поврзани новости