Распишана меѓународна потерница за Красниќи и Рамадани

by fokus

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница за осудениците Агим Красниќи и Сехат Рамадани, откако двајцата членови на познатата Кондовска група по викенд отсуството не се вратија во затворот во Штип.

Двајцата на јавноста и се познати по повеќе извршени кривични дела, злосторничко здружување, кидинапирање и рекет.

Красниќи има за доиздржување уште три години и три месеци од казната затвор, додека Рамадани уште осум години и седум месеци.

Поврзани новости