Рашковски бара извинување од Русковска -„Стапот има два краја, а ѓаволот доаѓа по своето“

by fokus

Поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски обвинет во случајот „Софтвери“ кој беше отворен против него додека со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција раководеше, обвинителката Вилма Русковска, бара јавно извинување од нејзе поради тврдењата дека е разрешена и трпела притисоци и закани за истрагата што ја отворила против Рашковски.

Русковска синоќа во телевизиско гостување обелодени дека почетокот на хајката против нејзе која заврши со нејзино разрешување почнала со отворањето на истрагата за поранешниот генерален секретар во владата на Зоран Заев, кога и понудиле да ја изберат за заменик републички обвинител, а внукот од сестра и, кој е обвинител во Куманово да биде избран во Виштото обвинителство во Скопје. Кга ги одбила понудите „ја фатиле на пенал“ со предистрагата за тогашниот директор на Финансиска полиција, Арафат Муареми.

Сепак, тезата на Рашковски е друга, тој тврди дека Русковска го отворила случајот „Софтвери“ за да може со него да уценува да ја изберат во Републичкото јавно обвинителтво, а внукот во Вишото обвинителство. Тој бара Русковска со име и презиме да каже кој и дал ваква понуда.

Рашковски во соопштение до јавноста наведува неколку, за него, апсурди и нелогични излагања на обвинителката.

-АПСУРД 1 – Велите “Ми беше понудено да ме изберат за заменик републички обвинител …” Ваквата позиција согласно Законот за јавно обвинителство не постои. Постои јавен обвинител кој го заменува Републичкиот јавен обвинител во случај на отсуство, но тоа е веќе сосема друго,Тоа Вие би требало подобро да го знаете од мене

АПСУРД 2 – Велите “Можеби тоа беше причината” алудирајќи на тоа дека позициите за Вас и за внукот кои Ви биле понудени биле за да се откажете од истрагата за случајот “Софтвери”. На која Вилма треба да и веруваме, на онаа која вели дека некој и пристапил со конкретен предлог или на онаа која после 2 минути кажува дека МОЖЕБИ тоа била причината.

АПСУРД 3 – Велите “не сакам после да се најдам на суд за клевета и навреда….” Па ако е вистина тоа што го зборувате зошто би Ве дал некој на Суд, а особено “истакнат” правник како Вас не треба да се плаши од одење по судови. Каков борец сте за правда ако се плашите да одете на суд за клевета и навреда?

АПСУРД 4 – На која Вилма да и веруваме? На онаа која две години наназад вели дека немала никакви притисоци за овој случај (која може да си ги погледне изјавите дадени за некои телевизии) или на онаа која вели дека не се плаши од поднесената кривична пријава од Драги Рашковски затоа што “„Неможамдаместамнештоштонесумгоработела. Колешката Ивана Трајчева ја водеше истрагата. Јас учествував само во предистрагата“, посочува Русковсказа „А1он“.”.Ако не сте ја работеле истрагата зошто некој да ви прави притисок да се откажете?, пишува Рашковски.

Според Рашковски, случајот „Софтвери“ којшто го води обвинителката Ивана Трајчева е пропаднат.

-Но, тоа не Ве плаши толку колку што знаете дека народски кажано “Стапот има два краја”. Затоа што, со ништо, никој и никогаш не Ве попречи во самоволието кое го теравте по овој предмет, ама знаете дека “Ѓаволот доаѓа секогаш по своето” и дека да обвините седум интелектуалци само заради тоа што сте буквално правно неуки е кривично дело.

Бидете искрени и кажете и на јавноста дека: Од целата бука која ја кренавте за наводен криминал при набавка на предметниот софтвер, сега се сведовте на тоа дека „упатството за инсталација на софтверот не било доволно јасно  фазите не бие реализирани затоа што требало да се реализира за 150 дена, а биле реализирани 80,  вели тој.

Рашковски бара Русковска јавно да се извини и да г повлече искажаното, а ако не го стори тоа најавува тужба за клевета и навреда против обвинителката.

Русковска тврди дека хајката против неа почнала со истрагата за Рашковски

Поврзани новости