Груби со „8-ка на градите“ на камен-темелникот за Коридорот 8

by Fokus

Камен-темелникот кај првата патарина на патот Тетово – Гостивар, бината, но и се останато денеска е во знакот на бројот 8.

И првиот вицепремиер Артан Груби на настанот се појави облечен со црна маица на која се испечатени по една жолта и бела лента, на неа бројот 8.

Делниците од коридорите 8 и 10-д ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Овој проект за владините претставници е историски бидејќи тежи 1,3 милијарда евра, а делниците од двата коридори треба да бидат завршени до 2027 година.

Проектот опфаќа изградба на вкупно 110 километри автопат или по делници: Тетово – Гостивар над 17 км (33 месеци рок на реализација); Гостивар – Букојчани – 30,3 км (57 месеци рок на реализација); Требениште – Струга – Ќафасан 22 км (49 месеци рок на реализација); Прилеп – Битола 40 км (57 месеци рок на реализација).

Досегашната постапка ја следат бројно контроверзии, особено околу изборот на надзорот.

Поврзани новости