Русковска тврди дека хајката против неа почнала со истрагата за Рашковски

by Fokus

Обвинителката Вилма Русковска во Топ Тема тврди дека предлогот за нејзино разрешување е резултат на истрагата што таа како шефица на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ја отворила за Драги Рашковски кој беше генерален секретар во Владата на Зоран Заев. Имала притисок и закани да се откаже од шефовското место, а за возврат и било понудено да стане заменик републички Јавен Обвинител. Со овие понуди, како што рече, „сакаа да ме фатат на пенал, а тоа е почнувањето предистрага за тогашниот директор на Финансова полиција, Арафат Муареми“.

-Освен притисоците за Рашковски и заканите кои ги имав, други пречки не сум имала – рече Русковска.

Русковска претпоставува дека со понудата на тие повисоки функции, ако таа ги прифатела, можеби ќе требала и да ја повлече односно откаже истрагата за случајот со Рашковски.

-Не сум изненадена од одлуката на дисциплинската комисија. Мене ми понудија да ме изберат за заменик републички обвинители. Кога не прифатив го зголемија влогот. Покрај тоа ми понудија од сестра ми синот кој е обвинител во Куманово да биде избран за вишото обвинителство во Скопје – рече Русковска.

Таа не откри кој го нудел тоа, за да не се најде, како што рече, на суд за клевета.

-Од тогаш чекаа да ме фатат на пенал. А тоа е почетокот на истрагата за директорот на Финансова полиција. Можеби и тоа беше причината, тогашниот премиер и јавно кажа дека не ми верува мене кога станува збор за овој предмет. Кога бевме сега на дисциплинската комисија, јас го предложив професорот Калајџиев, за сведок-експерт, бидејќи таму се наведува дека сум сторила повреди на законот за кривична постапка, а Калајџиев кој бил дел од законот за кривична постапка, да каже дали јас навистина сум го сторила тоа дело. Но, не беше прифатен како сведок. А како докази за дисциплинската постапка беа наведени само претставките од Арафат Муареми, вели Русковска.

Русковска вели дека тогашната власт не сфатила дека на неа не и била важна фотелјата, туку желбата да става темели на една правна држава, и поради тоа повторно ја поднела кандидатурата за Шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

-Едноставно не сфатија дека мене не ми беше важно функција и фотелја. Јас сама се изборив за позицијата шеф на обвинителството за борба против организиран криминал од причина што сакав да почнам да ставам темели на една правна држава. Сите знаеме во каква состојба беше тоа обвинителство, едноставно не немаше на мапа. И затоа не се каам што тогаш не го прифатив тој предлог, истакнува Русковска во интервју за Топ Тема.

Инаку обвинението против Рашковски го води Ивана Трајчевска, која е казнета со 30 отсто од нејзината плата шест месеци поради предметот со Арафат Муареми.

Поврзани новости