Рај за странски инвеститори, пекол за домашни работници?

by Fokus

Бранимир Јовановиќ, кој наскоро ќе стане дел од економскиот тим на Министерството за финансии потсетува на неговото истражување за странските ивестиции.

Според него, во Македонија отсекогаш постоела своевидна фетишизација на странските инвестиции, но таа фетишизација го достигнала својот климакс во времето на Никола Груевски, кога државата правела практично сѐ што може да се направи за да се привлечат странски инвеститори.

– И покрај тоа, скоро никој во државава не знае колку пари беа потрошени за странски инвестиции и кои беа ефектите од сето тоа. Тоа беше главната мотивација за ова мое истражување. Дополнителен поттик беа бројните приказни кои излегуваа во јавност, за лошите работни услови во странските фабрики и за кршењето на работничките права – истакна Јовановиќ.

За повеќе информации на овој линк: Вистинската цена на евтината работна сила

Поврзани новости