МНР: Нема повредени македонски државјани во терористичкиот напад во Лондон

by Fokus 15:04
15:04

Нема повредени македонски државјани во синоќешниот терористички напад во Лондон, во кој загинаа седум лица, а 48 се повредени, потврдува Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

МНР го осудува синоќешниот терористички напад во Лондон и информира дека е во постојана комуникација со Амбасадата на Република Македонија во Лондон, која стапила во контакт со Метрополитен полис.

- Advertisements -

За прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Лондон, МНР инфомира дека заинтересираните може да се обратат во Амбасадата на Република Македонија во Лондон и во Министерството за надворешни работи.

Амбасадата на Република Македонија во Лондон

Контакт-телефон: 00442079760535
Електронска адреса на Амбасадата: [email protected]к и [email protected]

Министерството за надворешни работи

Лице за информирање на јавноста – Силвана Ивановска
Контакт-телефон: 00389 72 239052
Електронска адреса: [email protected]

Поврзани новости