Радовишани краделе дрва од шумско претпријатие

by Fokus

Двајца радовишани добиле кривична пријава поради сомнение за сторено дело „кражба“, откако краделе дрва од шумско претпријатие.

„Полициска станица Радовиш поднесе кривична пријава против Б.Б.(20) и Ф.Ј.(23), двајцата од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „кражба“. Имено во времето од 15.00 часот на 22.07.2019 година до 08.00 часот на 23.07.2019 година, пријавените со возила, во неколку наврати отишле на месноста викана „Јорданина Чешма„ на планината Плачковица и одзеле букови дрва во сопственост на ЈП „Национални шуми““, соопштува МВР.

Поврзани новости