Осумгодишно девојче се удавило во базен во семејната куќа во Бардовци

by Fokus

Вчера вечерта во Клинички центар било донесено починато 8-годишно девојче, кое се удавило во базенот во семејната куќа во Бардовци

„На 31.07.2019 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било донесено починато осумгодишно девојче од с.Бардовци, скопско. Девојчето околу 21,15 часот се удавило во базен од семејната куќа. Од итна медицинска помош била извршена  реанимација, по што била пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција“, соопштуваат од МВР.

Поврзани новости