Радев: Ќе расте притисокот врз Бугарија за Македонија

by fokus

Претседателот на Бугарија Румен Радев, кој учествува на Бледскиот стратешки форум, изјави дека притисокот врз Бугарија во наредните месеци ќе продолжи да се зголемува за, како што рече, темата Република Северна Македонија.

-Очекувањата за компромис растат, бидејќи во последните години односите со Скопје се во ќорсокак и Бугарија остана изолирана – објасни Радев за БНТ.

Според него, Резолуцијата која во јули беше изгласана во Парламентот во Северна Македонија го зацементира неспроведувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година.

Поврзани новости