400
Посакуваме внатреполитичката ситуација во Македонија да се развива согласно Уставот и демократските принципи, а уверен сум дека вашето искуство, вашето влијание и авторитет ќе придонесе за тоа, истакнал претседателот на Русија, Владимир Путин, на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Москва.
Тој изразил задоволство дека македонско-руските односи се унапредуваат и, како што рече, „има позитивно движење во економската размена“.
На почетокот на средбата, Путин му ја честитал наградата на претседателот Иванов што вчера му ја врачи Патријархот на Руската православна црква Кирил.
Македонскиот претседател изразил ообено задоволство што токму на овој ден, кога се одбележува празникот Свети Кирил и Методиј има средба со него.