Љутфиу: Нема да има време да се укине екстерното уште оваа учебна година

by fokus

Министерот за образование во заминување Пиштар Љутфиу ги разочара учениците и наставниците и од нив побара да се подготват за екстерното тестирање, објави Алсат. Оваа изјава на Љутвиу доаѓа како одговор на дилемата на учениците, ќе има или не екстерно тестирање за оваа учебна година. Мандатарот Зоран Заев, најави дека новата Влада ќе го укине екстерното тестирање, веднаш штом Собранието почне да работи

„Силно верувам дека новата влада нема да донесе закон против граѓаните и учениците во Македонија, затоа би апелирал учениците да се подготват за екстерно тестирање бидејќи донесувањето на законите на се случува преку ноќ, туку треба да биде во консултација и со правниот сектор со правните експерти за да донесе добар закон. Потоа законот ќе мора да помине на комисии, ќе треба во Парламент, па верувам дека ќе треба да помине извесно време по доаѓањето на новата влада. Затоа, повторно апелирам дека и покрај желбите на СДСМ да се донесе законот за укинување на екстерното тестирање, потребно е време“, рече министерот во заминување, Љутфиу.

Поврзани новости