Путин: Неопходно е да се размислува за начин како да се стави крај на „трагедијата“ од војната во Украина

by fokus

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска им порача на лидерите на 20-те најразвиени земји во светот (Г20) дека е неопходно да се размислува за начин како да се стави крај на „трагедијата“ на војната во Украина.

Путин изјави дека некои лидери на Г-20 на виртуелната средба, организирана од индискиот премиер Нарендра Моди, изјавиле дека се шокирани од руската „агресија“ против Украина и рече: „Се разбира, воените дејствија се секогаш трагедија“.

Се разбира, треба да размислиме како да ја запреме трагедијата, рече Путин, тврдејќи дека Русија никогаш не ги одбила мировните преговори со Украина, пренесува Ројтерс.

Поврзани новости