Путин не мислеше дека Украина ќе се спротивстави така

by Fokus

Санкциите наметнати на Русија како одговор на нејзината инвазија врз Украина нема да бидат укинати додека Москва не постигне мировен договор со Киев, изјави синоќа германскиот канцелар Олаф Шолц, додавајќи дека мировните услови треба да ги одреди Украина.

Во интервју емитувано на јавната телевизија ЗДФ, Шолц рече дека рускиот претседател Владимир Путин се преценил себеси доколку очекува да ја освои украинската територија, да прогласи крај на конфликтот и да гледа како западните земји ги укинуваат санкциите.

– Тој не размислувал за целата своја операција во Украина…Тој не мислеше дека Украина ќе се спротивстави така. Не мислеше дека ќе ги поддржуваме да издржат толку долго… Нема да ги укинеме санкциите доколку тој не постигне договор со Украина, а тој нема да го постигне тоа со диктиран мир, потенцираше Шолц.

Поврзани новости