Според Лавров, Хитлер имал еврејска крв – Зеленски без коментар

by Fokus

Украинскиот претседател Володомир Зеленски ја критикуваше изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, според кој „Адолф Хитлер имал еврејска крв“ и „најжестоките антисемити обично се Евреите“.

– Немам зборови…, рече Зеленски во своето вообичаено ноќно обраќање. Никој не слушна никаков демант или оправдување од Москва. Сè што имаме од таму е молк… тоа значи дека руското раководство ги заборавило сите лекции од Втората светска војна. А можеби никогаш и не ги ни научиле, истакна Зеленски, пренесува Скај Њуз.

Изјавите на Сергеј Лавров предизвикаа жестока реакција од Израел. Шефот на дипломатијата на земјата ги нарече „непростливи и скандалозни“, додавајќи дека „Евреите не се убивале сами себе во Холокаустот“.

– Поради овие изјави сега имаме голем скандал во Израел. Но, од Москва не слушаме зборови за извинување. Само молк. Како може да се каже такво нешто во пресрет на годишнината од победата над нацизмот? Немам зборови…, рече украинскиот претседател.

Поврзани новости