Путин му испрати честитка на Вучиќ: На вас, на вашите роднини и на најблиските ви посакувам добро здравје, благосостојба и успех

by Fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ доби честитка по повод претстојните празници од рускиот претседател Владимир Путин.

„Почитуван господине претседателе, срдечно ви ги честитам новогодишните и божиќните празници“, ја започна својата честитка Путин.

„Без оглед на тешката ситуација во светот, односите меѓу Русија и Србија, кои се засноваат на вековните традиции на пријателство и духовна блискост, се развиваат во конструктивен дух.

Сметам на продолжување на нашиот дијалог и продуктивна заедничка работа за актуелните прашања од билатералната, регионалната и меѓународната агенда. На вас, на вашите роднини и на најблиските ви посакувам добро здравје, благосостојба и успех, а на братскиот српски народ мир и просперитет“ вели Путин во честитката.

Поврзани новости