Пукотница во тетовската болница – две лица се повредени

by Fokus

Според неофицијалните информации, пред неколку минути во вооружена пресметка биле повредени две лица во Одделението за итна помош во болницата во Тетово.

Во дворот на болницата има полицајци вооружени со автомати, јавува порталот „Алмакос“.

Информациите се дека едното повредено лице предмалку било префрлено на скопските клиники.

„Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани. Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот. Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР, пренесува „Скопје1“.

Поврзани новости