Првпат во историјата изгласана недоверба на еден шведски премиер

by Fokus

Шведскиот премиер, социјалдемократот Стефан Левен, денеска е соборен од власт откако парламентот му изгласа недоверба на неговата влада. Ова е првпат во политичката историја на Шведска да ѝ биде изгласана недоверба на една влада.

Левен има рок од една недела да поднесе оставка или да побара нови избори. Повеќе од 180 пратеници гласаа против премиерот.

Националистичката партија на Шведските демократи ја искористи можноста да побара гласање за недоверба по седум дена откако партијата Левица ја повлече поддршката за владата.

Малцинската коалиција на Левен со Зелената партија се потпираше на поддршката во парламентот на две помали партии од десниот центар и на Левица уште од изборите во 2018 година.

Анкетите покажуваат дека левиот и централно-десниот блок се избалансирани, што значи дека дури и предвремени избори не би ја разјасниле ситуацијата.

Привремена влада ќе има до редовните избори во септември следната година.

Поврзани новости