(ФОТО) Последниот танц на големиот Пандев: Стефан Ристовски во солзи

by Fokus

Мошне емотивно ќе биде на денешниот последен меч за Македонија на ова Европско првенство против селекцијата на Холандија од 18 часот.

Тоа ќе биде последен натпревар за големиот Горан Пандев кој долги години беше најголем репрезент на македонскиот фудбал ширум Европа.

Неговиот репрезентативен колега, Стефан Ристовски не можеше да ги задржи емоциите и се расплака пред мечот со „лалињата“.

Пандев цели 20 години го носи дресот на нашата репрезентација и е играч со најмногу настапи за националниот тим (121) притоа постигнувајќи 38 погодоци.

Поврзани новости