Министерствата за внатрешни работи и за финансии се приклучија кон дарувањето на првороденото дете во 2014 година. Тоа од министерката за внатрешни работи го доби највредниот подарок – пасош, а од финансии – пари. И сега практично од мали нозе поседува се што му треба за успешен живот.
– Навистина ни е жал што не сме овластени да му издадеме бугарски пасош и уште повеќе да ги зголемиме неговите перспективи за иднината. Но, се мора да биде според уставот и законите, па моравме да му издадеме македонски падош, а за бугарски ќе мора да се погрижи самиот кога ќе порасне – изјави министерката Гордана Јанкуловска при врачувањето на подарокот.
Нејзиниот колега Зоран Ставревски не откри колку пари има во ковертот што го доби новороденчето со објаснување дека тој податок се менува од момент во момент, а и класифициран е како државна тајна.
– Во секој случај има доволно за билет во еден правец кон која било дестинација на планетата – се пошегува Ставревски.