399
Протестот на левичарите започна во близина на автобуската постројка на Југодрво, а поворката потоа продолжи кон Собранието, Министерството за труд и социјална политика, со крајна цел пред зградата на Владата на Република Македонија.
На транспарентите на протестирачите беа напишани пароли со јасни пораки до власта, од типот: „До кога политичарите ќе живеат идеално, а работниците криминално“ како и „Колку повеќе политички кујни, толку повеќе гладни“.
Учесниците на протестот скандираа „Лопови, лопови“ изразувајќи го својот бес кон власта која во изминатава година ги намали драматично правата на работниците, со воведувањето на измени во законите со кои се олеснија отпуштањата од работа и задушувањето на штрајковите.