Првиот човек на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ поднесе оставка: Никогаш не сум сакал да бидам дел од дворски игри

by fokus

Претседателот на Унијата на млади сили, Лука Кржалоски поднесе оставка, пренесува „Независен“.

Тој вели дека за оваа одлука размислувал долго и сериозно, признавајќи оти тешко му било да одлучи кој е вистинскиот пат.

Токму за вакви ситуации постојат вредностите на кои што се базира нашата партија, а со кои што сум израснат преку моето долгогодишно дејствување во УМС. Тие вредности беа моја клучна водилка да се одлучам на овој сериозен чекор. За жал, стигнав до заклучок, кој што сум убеден дека го споделува и пошироката јавност, а особено младиот сегмент од популацијата, дека во последниот период партијата е преокупирана со дневна политика, популизам и задоволување на интересите на една мала група луѓе. Покрај тоа што моменталното раководство имаше скоро цела една година да излезе со една сеопфатна стратегија за одговарање на горливите прашања, тоа не само што не се случи, туку и ништо не навестува дека ќе дојде до промена на курсот“, посочува Кржалоски за „Независен“.

Според него, фактот дека клучни носители на одлуки од американската администрација целосно одбиваат да дискутираат со моменталното раководство е доволен показател дека не ја сметаат партијата за релевантен фактор.

„Никогаш не сум сакал да бидам дел од дворски игри, кои што го одвлекуваат нашето цело внимание од вистинските проблеми. Најодбивно од се ми е грубото поигрување со националните чувства на Македонецот, а се со цел бегањето од одговорноста и од носењето на сериозни одлуки во клучни моменти.

 

Поврзани новости