Прва приватна тужба против одговорни за пожарот во Грција

by fokus

Пензиониран офицер од морнарицата на Грција поднесе прва приватна тужба против лица одговорни за големиот пожар што ја погоди источна Атика на 23 јули.

Панајотис Стаматис поднел тужба против сите одговорни вклучително и министри, вработени во министерства, официјални претставници на Атика и други.

Побарал од судовите да испитаат дали може да бидат поднесени тужби  за сериозни кривични дела, вклучително и убиство, пожари и повреда на градежни прописи што резултираше со смртни случаи и занемарување на должности.

Премиерот на Грција Алексис Ципрас денеска го посети за првпат по трагедијата гратчето Мати во која најмалку 91 човек загинаа. Пожарот изби во понеделникот на 23 јули околу 30 км источно од Атина. Дваесет и пет луѓе се уште се водат како исчезнати, а 28 тела треба допрва да бидат идентификувани.

Ципрас презеде политичка одговорност за несреќата и вети низа измени меѓу кои и сузбивање на илегално градење и опасно градење што се смета дека оневозможило луѓето да најдат излез од огнената стихија.

Поврзани новости