Прва дестинација на министерот за надворешни работи, Димитров на средба со Коѕиас во Атина

by Fokus

Министерот за надворешни работи Никола Димитров е убеден дека и Грција има интерес за европска Македонија. Првата официјална посета во јуни на новиот министер за надворешни работи ќе биде во Атина, на средба со неговиот грчки колега Никос Коѕиас. 

Според него, еден од најсериозните предизвици за евроатланските интеграции на земјата се односите со соседите.

„Работа на дипломатијата е да гради мостови, да прави пријателства и да отвара врати и перспективи. Бидејќи нашиот најголем предизвик за евроатлантските интеграции се токму односите со Атина, сакам прво во Грција да го претставам новото лице на Република Македонија. Убеден сум дека имаме многу заеднички интереси. Убеден сум дека и Грција има интерес за европска Република Македонија – рече шефот на македонската дипломатија, Димитров.

Поврзани новости