СДСМ: ДПМНЕ кои владееја со насилство, закани, уцени да престанат да ги вознемируваат граѓаните

by Fokus

Граѓаните ги препозаваат лажните информации и политички злоупотреби од ВМРО- ДПМНЕ и тие не се решение за напластените проблеми во државата, исто како што не се решение ни инциденти, како тој врз поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, што СДСМ остро го осуди, реагираат од владејачката СДСМ на обвинувањата од ДПМНЕ.

– Очекуваме целосно расветлување на случајот во интерес на правдата и вистината. Секој кој сторил протвзаконско дело, мора да се соочи со правдата. Повикуваме, раководството на ВМРО-ДПМНЕ кое што цела деценија владееше со насилство, закани, уцени да престане да ги вознемирува граѓаните со конструкции, да поттикнува омраза, насилства и нетрпелливост и да се издигне во одговорна опозициска партија – се наведува во партиското соопштение.

 

 

 

Поврзани новости