Процентот на излезеност до 10 часот сличен како и во првиот круг

by fokus

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) до 10 часот излезноста на изборите е 6,31 % или досега гласале 99.192 избирачи. Ова се податоци пристигнати од 88,10 % од избирачките места.

Споредбено пак со бројот на гласови во првиот круг, може да се заклучи дека излезноста се движи со слично темпо, бидејќи тогаш до 10 часот гласале 6,23% од гласачите или 112.157 гласачи, но од пристигнати податоци од 99,625 од избирачките места.

Поврзани новости