Протоколот ни носи промена на учебници, тврди Мицкоски

by Фокус

Самиот Бујар Османи денеска кажува дека ќе има промена на учебниците, се повикува на Самоиловото царство и на други измени кои што треба да ги претрпат учебниците за историја, а до вчера нели Протоколот не беше дел од преговарачката рамка и нели историјата не беше дел од преговарачката рамка, а јазикот е чист, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Сител.

-Пред да се случи таа вистинска меѓувладина кога треба да се усвои преговарачката рамка има еден дел каде што се вели воведни изјави од страна на македонската Влада и ЕК, барем таму каде што стои дека двете држави ќе дадат унилатерални изјави, не знам каква унилатерална изјава ќе даде Македонија за македонскиот јазик кој што е кодифициран, стандизиран уште на третата конференција на Обединетите Нации од 1977 година во Грција – рече Мицкоски.

Притоа, каква изјава ќе даде Бугарија, праша тој?

-Зошто тоа не го кажат? Еве и да има трета изјава па ЕК да каже без разлика што да речеме Бугарија не го признава македонскиот јазик или има поинаков третман на истиот. Сите останати 26 членки немаат дилема дека тоа е македонски јазик – рече Мицкоски.

Поврзани новости