Протести во Приштина поради пресудата за „Диво Насеље“, се појави и премиерот

by fokus

По вчера донесената пресуда за случајот „Диво Насеље“, денеска во Приштина се одржа протест. Оние кои протестираа се незадоволни од висината на казните.

Протестот беше под големо полициско обезбедување, а откако косовската полиција не им дозволи на демонстрантите да се приближат кон македонската амбасада, тие се упатија кон косовската влада.

Таму се појави премиерот Рамуш Харадинај кој им порача дека е подготвен да помогне, односно дека би било добро за случајот „Диво насеље“ да има меѓународна истрага.

Поврзани новости