ОЈО нареди обдукција врз Јанушев

by fokus

Основното јавно обвинителство вечерва информираше дека постапува по случајот за убиениот Мартин Јанушев, а наредена е и обдукција.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје го раководи увидот на лице место во скопската населба Аеродром,  каде попладнево беше застрелано едно лице. Дежурниот јавен обвинител издаде повеќе насоки и наредби за преземање на потребни дејствија, меѓу кои за прибавување на податоци, обезбедување на траги од лице место и за обдукција на починатото лице, информираат од Јавното обвинителство.

Во соработка со Министерството за внатрешни работи, јавното обвинителство интензивно постапува во насока на расветлување на кривично правниот настан и откривање на сторителот на кривичното дело.

Поврзани новости