Во недела протест против пресудата за „Диво Насеље“ на плоштадот Скендербег

by fokus

Мирен протест против одлуката на судот за обвинетите во процесот „Диво насеље“ е најавен за 5 ноември во 13 часот на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.

-На овој протест се повикуваат сите граѓани кои сметаат дека ваквото изживување и самоволие на судот во изрекување на казните се уште еден пример за неправедна правда и двојни аршини од страна на судот. Нашето учество само ќе укаже за тоа колку сите ние сме за соживот без маски и агенди, велат организаторите на протестот.

Тие повикуваат да се откријат нарачателите и тие да одговараат.

Поврзани новости