Протест пред Влада

by fokus

Стотици граѓани во моментов се собрани пред Владата на Македонија каде почнува протестот на иницијативата „Заедничка Македонија”, или како што огранизаторите го нарекуваат – четврт Илинден.

И денешниот протест е против заедничката платформа на албанските партии. Од иницијативаат порачаа политичките партии да ги отфрлат овие барања, бидејќи како што велат, со тоа се разнебитувала државата.

Тврдат дека ова не е протест, туку мирен собир на којшто сакаат да покажат дека се против двојазичност и федерализација на државата.

Претходно, ист протест организираше и здружението „Тврдокорни”, кое како и „Заедничка Македонија” тврди дека нема поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ, од каде отворено повикаа да се излезе на протести доколку Зоран Заев успее да формира влада.

Поврзани новости