Мандатарите не ја пробаа баклавата на Маја

by fokus 18:30
18:30

Денес за време на средбата помеѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев и Радмила Шекеринска со претседалот Ѓорѓе Иванов, објективите на фоторепортерите ја овековечија гостопримливата насмевка на лицето на претседателот, додека Заев му ги предаваше потписите за мандат.

Со цел да дознаеме дали Иванов се покажал како добар домаќин и како што е редот ги понудил гостите со слатко, локум и кафе, или евентуално со баклава, бидејќи вчера беше верскиот празник Прочка, телефонски поразговаравме со Радмила Шекеринска, заменик претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

,,Иванов не пречека доста скромно. Немаше баклава, задоцнивме еден ден. Сепак не понуди со кафе и вода’’ – ни изјави таа.

Ова била втора посета на Шекеринска и на Заев во претседателската резиденција.

Таа имала можност да присуствува на настан кај Иванов пред повеќе години, додека пак Заев бил во резиденцијата пред помалку од две години.

Претседателот ветил дека ќе му го даде мандатот за состав на Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев утре или во среда.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости