Потписи за присуство пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Додека почнуваше протестот пред Владата на Македонија, кој како што тврдат организаторите е непартиски, во непосредна близина, пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ десетици граѓани, потпрени на ѕидот се потпишуваа со имиња и презимиња на листа за присуство, пренесе репортерот на НОВАТВ.

Останатите граѓани кои мирно протестираат велат дека се собрале за да го изразат својот револт против менувањето на Уставот, двојазичноста и федерализацијата.

Протестот го организира иницијативата „Заедничка Македонија”, а со кој се бара  отфрлање на заедничката платформа на албанските партии.

Поврзани новости