Протест пред Влада на угостителите и туристичките работници бараат одговор на нивните барања

by Fokus

Ќе протестираат угостителите, туристичките работници, сметководителите, танцовите училишта и други. За досегашни собири пред Министерството за финансии велат дека се игнорирани. Доставиле барања, но не добиле никаков одговор.

Протестите ќе продолжат пред Влада, а од двата сектора велат дека ќе протестираат се додека не бидат прифатени нивните барања. Тврдат дека треба да бидат сериозно сватени затоа што имаат релани проблеми поради кои овие дејности трпат сериозни загуби. Повеќе сектори се на работ на егзистенцијата и ако државата не им помогне, ќе ги затворат фирмите и ќе ги отпуштат работниците. Досега Владата со неколку сетови на мерки помогна, но здравствената криза трае и таа си го направи своето.

Поврзани новости