Кој ќе ги прекрши правилата ќе биде тепан – присутните на вчерашниот протест добиле правилник на однесување

by fokus

Листа на која се напишани правилата на однесување за време на протестот, кој се одржа вчера во Скопје, а на кој се бараше ослободување на осудените за нападот во Собранието, два дена наназад се споделуваше на социјалните мрежи.
Истата беше потпишана од Македонското патриотско здружение Величко Велјанов – Чичето, односно од претседателот на здружението Лука А. Александров, кој на социјалните мрежи се претставува и како Лука Кралот Лав.

Во поканата за присуство, каде беше потенцирано дека протестот ќе биде мирен, наведен беше и правилникот на однесување:
Значи, без инциденти
Без провокатори
Без бина
Без лажни лидери и месии
Без партиско себепромовирање.
Секој оној што ќе ги прекрши овие правила ќе биде тепан!- беше објавено.

Исто така, беа појаснети и барањата поради кои се излегува на протест:

Да се укине првостепената пресуда и предметот да се врати на повторно судење.
Значи, бараме фер судење за уставобранителите.
Да се отфрли членот 313 од КЗ бидејќи нема основ!
Посебна благодарност до Боби Темелков од Канада (иницијаторот и еден од организаторите на протестот) за несебичноста и алтруизмот и ја користиме оваа прилика да го поздравиме!
Боби Темелков ти благодариме до земја за ова што го правиш за уставобранителите – напиша претседателот на патриотското здружение.

Протестот се одржа по повод четиригодишнината од нападот на Собранието на 27-ми април 2017 година.

Вики Клинчарова

Поврзани новости