Протест пред канцеларијата на ЕУ во Приштина поради неукинувањето на визите за Косово

by Fokus

Неколку граѓани излегоа денеска пред канцелријата на Европската унија во Приштина, на протест поради неукинувањето на визите за граѓаните на Косово од страна на ЕУ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Учесниците на протестот истакнаа транспарент со косовското знаме обиколено од венец од бодликава жица и со написот #FreeVisa.

Вчерашниот самит на ЕУ и Западен Балкан не ги донесе очекуваните одлуки за започнување на преговорите за зачленување на Северна Македонија и Албанија, како и за укинување на визниот режим за Косово.

Поврзани новости