Пронајдено телото на удавеното 16-годишно момче

by fokus

Денес околу 14 часот во водите на Преспанското езеро нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи го пронајде безживотното тело на 16-годишното момче од Ресен.

По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.

Момчето исчезна во водите на Преспанското езеро, откако со другарите се возеле на педалинка во туристичката населба Претор.

Поврзани новости