Промоција на Манчини во Саудиска Арабија: Време е за историја!

by Fokus

Италијанскиот стручњак Роберто Манчини и официјално стана селектор на Саудиска Арабија, соопштено е во промотивно видео на официјалниот Твитер профил на репрезентацијата на таа земја.

Во согласност со големината на името што влегува во клупата на Саудијците, осмислено е спектакуларно видео во кое е нагласена титулата на Манчини на ЕП со Италија.

Заклучокот на Манчини следи на крајот од видеото.

„Јас напишав историја во Европа, време е да ја напишам со Саудиска Арабија“, вели Манчини.

„Газета дело спорт“ напиша дека неговата плата ќе биде меѓу 25 и 30 милиони евра, а тренерската функција ќе ја извршува до 2026 година.

Во клупската кариера ги водеше Фиорентина, Лацио, Интер, двапати Манчестер Сити, Галатасарај и Зенит.

Во Катар, Саудиска Арабија ја предизвика една од најголемите сензации во историјата на Светските првенства со триумфот од 1:0 во групата над Аргентина.

Поврзани новости