Променливо облачно – температурата од -1 до +16

by Fokus

По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, а попладне ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди.

Кон крајот на денот, најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во југоисточните делови, ќе има повремени врнежи од дожд.

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 11 степени.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови по одделни котлини ќе има појава на утринска магла или ниска облачност.

Поврзани новости