Променливо облачно со повремен дожд и температури до 16 степени

by Fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во источните делови од земјава врнежите ќе бидат пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слав до умерен југозападен ветер. Минималните температури во земјава денеска ќе се движат од 1 до 8 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 5 до 16 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има сончеви периоди, а попладне се очекува повремен дожд. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални 5 до максимални 14 степени.

УХМР прогнозира слично време и за утре.

Поврзани новости