Пролетва продолжува изградбата на пругата кон Бугарија

by Fokus

Во втората половина на следниот месец ќе продолжат градежните работи на пругата кон Бугарија, со активности на првите две делници, за кои се заокружува тендерската постапка за избор на изведувач, уверува директорот на ЖРСМ – Инфаструктура, Хари Локвенец.

Според Локвенец, се почитуваат најавените рокови и реално е да се очекува железничкото поврзување на Скопје и Софија да се случи во 2027 година.

– Роковите што ги зададовме сите заедно, ова раководство на Железници – Инфраструктура и македонската Влада, е дека ќе почнеме оваа пролет. Имаме уште месец и половина, дозволете ни да го исполниме нашето ветување и оваа пролет да почне изградбата на првите две делници, од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка. Искрено, се надевам, водејќи сметка за динамиката што ја имаме во моментов  во  однос на реализацијата на тендерската процедура, потпомогната од Европската банка за обнова и развој и нормално Европската унија, убеден сум дека ќе си достоиме на зборот и оти до втората половина на јуни ќе имаме почеток на градба, изјави Локвенец во одговор на новинарско прашање по стартот на кампањата за зголемување на безбедноста на железничките премини.

Поврзани новости